Скандал: Бордели и салони за масажа меѓу недвижнини на Ватикан

Сподели со своите пријатели

Недвижнините во сопственост на Ватикан во Рим служат како сауни и салони за масажа во кои свештеници плаќаат за сексуални услуги, стои во еден од низата извештаи кои се многу срамни за црквата, а чии детали започнаа да излегуваат во јавноста по најновата афера „Ватилекс“.

Loading...

Исто така се наведува дека вредните недвижнини во центарот на главниот град на Италија се изнајмуваат по цени далеку под пазарната вредност, а се за да се вратат услугите на оние од кои одредени службеници на Ватикан ги барале.

Меѓу недвижнините кои се споменуваат во документите кои во јавноста ги пласирање некој „ватикански предавник“ се и оние во двете улици во близина на италијанскиот парламент, како и солариум кај Piazze Barberini.

Посебно е истакнат еден дел од ватиканската организација – Конгрегација за наука за верата. Таа управуав со стотици недвижнини во центарот на Рим кои се вредни стотици милиони евра. Првите две години јавноста дозна и дека Ватикан купил вреден стамбен блок во Рим во кој била сместена и најголемата хеј сауна во Европа. Зад оваа ватиканска инвестиција стоел кардиналот Тарцисио Бертоне.

Истиот кардинал, како се испоставило во „Ватилаекс“ користи 200 илјади евра од донации за болесни за да го обнови овој стамбен комплекс.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.