Вашингтон ја следи ситуацијата во Русија

Сподели со своите пријатели

Американската администрација внимателно ја следи ситуацијата во Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Ја следиме ситуацијата и ќе се консултираме со сојузниците и партнерите за овој развој“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Адам Хоџ во соопштението.

Претседателот Џозеф Бајден е информиран за ситуацијата, додаде Хоџ.

Си-Ен-Ен наведува, повикувајќи се на изјава на неименуван американски функционер, дека најновиот бес на Пригожин против руското воено раководство и најавата за „марш за правда“ го гледаат „како нешто повеќе од неговата вообичаена реторика“.

„Ова е реално“, изјави тој функционер за Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг, иако сè уште не е јасно кои се точните намери на Пригожин.

Двајца други претставници на администрацијата на Бајден рекоа дека американските службеници за национална безбедност чекаат подобро да ја разберат ситуацијата пред да коментираат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.