Ван дер Белен: Човештвото е во опасност

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, оцени дека сега се потребни „конзистентни и храбри акции“ во однос на заштитата на климата во Австрија.

Loading...

– Имам впечаток дека многу луѓе сѐ уште не разбираат дека постоењето на човештвото е во опасност. Нашата планета ќе продолжи да се врти, иако човечката цивилизација ќе исчезне поради прегревање, вели тој во интервју за виенскиот весник „Курир“ во врска со извештајот на ОН за емисиите за тековната година.

– Извештајот пред се ни кажува дека пасивното чекање повеќе не функционира. Со Парискиот договор од 2015 година зацртавме пат што треба да се следи доследно. Сите земји се обврзани, вклучително и Австрија, рече тој во пресрет на конференцијата во Шарм ел Шеик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Ван дер Белен истакна дека 40 години се занимава со климатската криза и дека оваа тема ќе биде во фокусот на неговата работа како и досега.

– Мора да има пресврт во наредните години. Затоа нема да мирувам, подвлече тој.

Тој потсети дека Австрија си поставила за цел до 2040 година да биде климатски неутрална, додавајќи дека овие цели не смеат да бидат само препорака.

– Мораме да се погрижиме овие цели да се сфатат сериозно, или да се спроведат. Немам разбирање за сите оние кои денес продолжуваат да ги блокираат мерките за заштита на климата. Очекувам сите да придонесат, изјави Ван дер Белен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Тој изјави дека Владата во последните две години презела значајни чекори со закон за проширување на обновливите извори на енергија, данок на CO2 и рекорден буџет за проширување на јавната транспортна мрежа.

Loading...

Запрашан за нова форма на протест на активистите за борба против климатските промени, држење до патишта или сквернавење уметнички дела, Ван дер Белен рече дека младите луѓе го покажуваат својот гнев што неодговорно се однесуваме кон нашата планета.

– Го разбирам тој гнев. Можеме да разговараме за изборот на средства. Морам, меѓутоа, да констатирам дека науката со децении укажува на климатската криза и дека тоа не се сфаќа сериозно, објасни тој и посочи дека она што се одлучува денес може да влијае на животот на младите утре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето