Вагнер: „Русија наскоро ќе има нов претседател“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот советник за внатрешни работи Антон Герашченко зборуваше за денешниот бунт на групата Вагнер против раководството на Русија.

Loading...

Тој сподели наводна изјава од група на Телеграм поврзана со Вагнер:

„Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“, се вели во објавата на споменатата група.

Руските Телеграм канали јавуваат дека „војниците на Вагнер влегле во Воронеж и се на периферијата на Краснодар и Волгоград и никој не им дава отпор“.

 

 

Во меѓувреме, во руските градови се симнуваат транспаренти со кои се повикуваат луѓето да му се придружат на Вагнер.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше вонредно обраќање во кое акциите на Вагнер во Ростов ги окарактеризира како „вооружен бунт“ и најави строга казна за сите кои учествуваат во него.

Путин рече дека ова е криминална авантуристичка кампања и дека е еднаква на вооружен бунт.

Во саботата, руската армија ги повика Вагнерците да го напуштат лидерот Евгениј Пригожин, велејќи дека тоа ќе ја гарантира нивната безбедност.

Врвот на Русија бара од нив да го прекинат бунтот против военото раководство на Москва.

Евгениј Пригожин, водачот на приватната воена група Вагнер, го обвини руското воено раководство за напад на воениот камп на Вагнер и масовно убивање на неговите борци.

Потоа, Рускиот национален комитет за сузбивање на тероризмот покрена кривична постапка против Пригожин за поттикнување вооружен бунт.

Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започна вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон.

Според нивниот лидер, крајната цел е Москва.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.