Вагнер најави одмазда за смртта на Пригожин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако стигна потврда од платеничката група Вагнер и Москва дека поранешниот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во близина на Москва, каналите на Телеграм поврзани со таа група објавија видео на кое се гледа како тројца мажи најавуваат одмазда на Москва.

Loading...

„Отворено кажуваме дека главните осомничени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Државниците на чело со Путин се обидоа да го убијат. Сите се прашуваат што ќе правиме ако се потврди смртта на Пригожин. Ќе ви кажам само едно – подгответе се за нас! Ќе организираме уште еден марш кон Москва!“, најавија тие.

Националниот центар на отпор објави дека конвои борци Вагнер ја напуштаат Белорусија и се упатуваат кон Русија.

Смртта на платеничкиот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин беше предвидлива по неговиот бунт во јуни против Кремљ, изјави во средата вечерта за весникот „Билд“ главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Пригожин ја потпиша сопствената смртна пресуда веднаш штом застана на 200 километри од Москва“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за германски весник.

Бунтот го исплаши Путин?

Пригожин загина во приватен авион во средата вечерта во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.

Телеграмскиот канал на сивата зона, кој е поврзан со платеничката војска на Вагнер на Пригожин, објави дека авионот бил намерно соборен.

Каналот првично сугерираше дека Пригожин можеби преживеал, за кратко време подоцна да каже дека умрел. Подоцна руската агенција за цивилно воздухопловство објави дека Пригожин бил во авионот, кој се урна на 200 километри северозападно од Москва.

Loading...

Подољлак рече и дека јунскиот бунт „навистина го исплашил“ рускиот претседател Владимир Путин и довел до ваква ситуација бидејќи „Путин не им простува на оние што го плашат“.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.