„Вагнер“ е регистриран во Белорусија како организација за образовни услуги

Сподели со своите пријатели

Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги, според белорускиот државен регистар на правни лица.

Loading...

Друштвото со ограничена одговорност „Вагнер“ е регистрирано на почетокот на август, а видот на дејноста на правното лице е наведен како „други видови на образование“.

Според локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија „Конкорд менаџмент и консалтинг“, на чело со Евгениј Пригожин, основачот на „Вагнер“.

Владата на Литванија претходно соопшти дека одлучила да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради „геополитички причини“, само неколку недели откако борците на руската паравоена група „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија.

Полска претходно го зголеми бројот на војници на границата со Белорусија поради загриженоста за активностите на Вагнерците.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.