Утре ќе се одлучува дали ќе продолжи бесплатниот превоз во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дали ќе продолжи бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе биде одлучувано утре на триесет и првата седница на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Со почеток во 10 часот Советот ќе ја одржи 31-вата седница на чиј дневен ред има три точки, меѓи кои и одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово.

Втората точка е за линискиот превоз кон Старо Нагоричане, а третата за утврдување бод на плати во ЈП „Водовод“.

Веднаш потоа со почеток во 12:30 часот Советот ќе ја одржи 32. седница на чиј дневен ред ќе има една единствена точка, а тоа се советничките прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Никола Ивановски