Услови за снег денеска низ целата држава

Сподели со своите пријатели

Поради продор на студена воздушна маса од север од денеска попладне и утре ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Од таа причина, ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

 

 

Минималната температура во кумановско изнесуваше три степени под нулата, а дневниот максимум денеска се очекува да достигне три степени целзиусови.

Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурите во поголем дел од земјата преку целиот ден ќе се задржат под нулата.

Loading...

Во следните денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, поизразен денеска и потоа во петок и сабота.

Никола Ивановски

Leave a Reply