Уште петмина кумановци добија кривични за прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Пет лица од Куманово добија привични пријави под сомнение дека го прекршиле ограничувањето на движењето, односно полицискиот час.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривични пријави против пет лица кои го прекршиле полицискиот час. С.Н.(23), С.М.(24), В.С.(29), Д.Д.(33), С.М.(47), сите пет од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените, како што појаснуваат од полицијата, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Кумановската полиција и вчера против други пет лица поднесе кривични пријави, под соменине дека го сториле истиот прершок.

Leave a Reply