Уште една сообраќајка во Хрватска: Загинаа две лица

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а три се повредени утринава околу 06:25 часот во Сикиревци кога автомобил излетал од патот, информираат од полицијата на Славонскоброд.

Loading...

Повредените со возило на Брза помош се пренесени на лекување.

Полициски службеници го обезбедуваа местото на настанот и физички го регулираа сообраќајот, а истрагата во соработка со општинското државно обвинителство ќе ги утврдува фактите и околностите на сообраќајната незгода, се вели во соопштението.

Да потсетиме, рано утрово најмалку 11 лица загинаа кога полски автобус излетал од патот кај Загреб.

11 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)