11 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автобус со полски регистарски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб, а според првичните информации загинале 11 лица, а 34 се повредени, јавуваат хрватските медиуми.

Loading...

 

 

– 11 лица загинаа, а другите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Интервенцијата е завршена, сè уште има дежурни пожарникари, изјави жупанискиот противпожарен наредник Жељко Наги, пренесува Вечерњи лист.

 

 

 

Loading...

Наги рече дека сите луѓе се извлечени од автобусот, а причината за несреќата сѐ уште не е позната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно невреме погоди делови од Хрватска

 

 

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува Вечерњи лист.

Ангажирани се неколку екипи на брза помош од Вараждинската жупанија и од Загреб.

 

 

Loading...

 

Првите информации беа дека најмалку две лица загинаа, а 40 се повредени.

Повеќе лица се пренесени во болница.