Уништувањето на урбаната опрема треба да го санкционира МВР, смета Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Уништувањето на урбана и спортска опрема во Куманово треба да го открива и санкционира Министерството за внатрешни работи, смета градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

На вчерашната прес конференција одговарајќи на новинарски прашања, Димитриевски рече дека општината не е институција со надлежности во делот на јавниот ред и мир, ниту сречување и извршување кривични и прекршочни дела.

– Ние уредно ги пријавуваме сите вакви случаи во МВР. Во многу случаи добиваме од нивна страна дека штетата е од мала вредност и не постои можност за отпочнување на постапка. Додека за сите оштетувања на јавен имот со поголем износ и поголема материјална штета до ден денеска и покрај сите уредно поднесени пријави од наша страна ниту во еден случај немаме известување од МВР дека е откриен сторителот, пронајден или дека некој е санкциониран, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

 

Кумановскиот градоначалник вели дека општината не поседува доволно капацитет, ниту финансиски ресурси за ангажирање служби за обезбедување.

Притоа вели, зошто ако имаме полиција, треба да се ангажира приватно обезбедување.

Loading...

– Општина Куманово не поседува ниту доволно капацитет, ниту доволно финансиски ресурси да ангажира служби за обезбедување за да може да ги обезбеди сите јавно прометни површини каде имаме поставено урбана и друг тип на хоризонталнаи вертикална сигнализација. Ако тоа е така ние во државата треба да дојдеме до заклучок дека не треба да имаме полиција, полициски служби, туку да си ангажираме директно агенции за обезбедување кои ќе се занимаваат со заштита на јавниот имот, смета тој.

Димитриевски го посочи настанот кога сите клупи беа оштетени за една ноќ во паркот во Соколана и рече дека за истиот нема разрешница од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Приоритет на Македонија е да се избере Претседател. Граѓаните да излезат и да гласаат по сопствено убедување

– Добив ветување дека експресно ќе биде решен случајот, ветувања дека ќе бидат зајакнати полициските конроли. За жал тогаш останаа четири уништени клупи и утредента и тие четири беа дополнително уништени, што значи дека тие всушност не си ја вршат својата работа, вели кумановскиот градоначалник.

Вели дека има високот ниво на граѓанска неодговорност, но сметка и дека службите не постапуваат соодветно.

– Поседуваме капацитет на комунални инспектори кои не се во можност да дадат 24-часовна опсервација. Гледате дека се чистат диви депонии и повторно се создаваат. Од наша страна се постапува, за жал другите надлежни институции седат со скрстени раце, вели тој.

Штетата настаната со последното вандализирање на Спомен Костурница, вели Димитриевски, на крајот на краиштата ќе ја надомести општината ако не се открие сторителот.

– Доколку биде пронајден од страна на надлежни државни, истражни органи тогаш истиот треба да ја надомести таа штета на општината, бидејќи тоа е имот на општината, појаснува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Опција за видео надзор постои, вели Димитриевски, но потенцира дека тоа е скапо и има комплицирани постапки и процедури.

Loading...

– Во рамки на нашиот буџет засега немаме предвидено такви средства затоа што се работи за скапи средсва и комплицирани постапки и процедури каде треба да се обезбедат дополнителни лиценци и соодветни дозволи за да можете да вршите видео надзор на јавни прометни површини, појаснува тој.

Досега според сознанијата на Димитриевски, видео надзор има само Општина Кавадарци, преку проект токму со Министерството за внатрешни работи.

Од Основното јавно обвинителство за Кумановски Муабети велат дека немаат оформено никаков предмет оти оштетувањето јавен имот не е кривично дело, туку прекршок, што не е во нивна надлежност.

Никола Ивановски