Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово вчеравечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ промовираше десет владини мерки и идеи кои ќе го подобрат животот на младите во државата.
Во изминатиот период, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски промовираше десет мерки за млади што значат многу за иднината на Република Македонија, а со тоа и за иднината на младите во Република Македонија. Последователно на сето тоа, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира масовно настани во целата Република македонија како трибини, одредени настани со делење на флаери, со цел овие мерки да бидат дополнително објаснети на сите во Република Македонија – изјави Дарко Костовски, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Костовски посочи дека во скоро време поранешниот премиер Никола Груевски ќе промовира дополнителни мерки за младите.
Една од поинтересните идеи е железничкиот превоз за млади која претходно беше секоја трета недела во текот на месецот, а сега секоја прва и трета недела во месецот. Таа се покажа како корисна и ја искористиле близу 50 илјади млади луѓе во Македонија – додава Костовски.
Инаку меѓу десетте проекти кои беа промовирани најмногу внимание посвети проектот „Купи куќа за млади“, а сите мерки ќе бидат реализирани во текот на месецот март годинава.
[huge_it_gallery id=”295″]
Loading...