Украинците тврдат дека собориле уште еден моќен руски авион

Сподели со своите пријатели

Силите на украинското воено воздухопловство соборија уште еден руски ловец-бомбардер Су-34, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

Loading...

„Минус уште еден Су-34 во источниот правец“, напиша денеска Олешчук на својот канал „Телеграм“.

Тој додаде дека вчера воздухопловните сили на Украина се обиделе да го соборат рускиот авион, но дека руските пилоти успеале да ги избегнат украинските ракети.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.