Украинците погодија руски енергетски постројки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Утрово украински беспилотни летала нападнаа руски енергетски објект во индустриската зона на Нижегородската област, по што избувна пожар во еден од постројките за преработка на нафта, кој сега е локализиран, изјави шефот на регионот Глеб Никитин.

Loading...

Тој додаде дека на лице место работат специјализирани служби за гаснење на пожарот, кој избувна на инсталациите на една од постројките за преработка на нафтени деривати по нападот со дронот, пренесува Интерфакс Русија.

Според достапните информации, во нападот нема повредени, наведува руската агенција.

Украинско беспилотно летало нападнало складиште за нафта во руската област Орјол, објави гувернерот на регионот Орјол Андреј Кличков на својот канал Телеграм.

Тој додаде дека е нападната зградата на енергетскиот комплекс и дека специјалните служби работат на самото место на гаснење на пожарот, како и дека во нападот нема жртви, пренесува Интерфакс.

Претходно, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, извести дека во текот на ноќта во регионот на Белгород биле фрлени четири експлозивни направи, кои оштетиле далноводи.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 25 украински беспилотни летала над руска територија.

Како што е наведено, системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле два дрона над московскиот регион, еден над регионот Ленинград, седум над Белгород, 11 над Курск, два над регионот Ориол и по еден над Брјанск и Тула.

Loading...

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија осум ракети РМ-70 „вампир“ и една ракета „точка У“ над регионот на Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Денеска украински диверзанти се обиделе да упаднат во селото Тјоткино во руската област Курск.

Како што соопшти гувернерот на областа Роман Старовојт, по нивниот обид избувнала пукање, а продорот бил спречен.

Руската армија синоќа истрела шест ракети С-300 кон Селидово во Доњецката област при што беа повредени две жени, а оштетени се повеќе од 30 куќи, соопштија украинските власти на регионот Доњецк, пренесува Укринформ.

Во Киев и во голем број други региони на Украина денеска е во сила воздушна тревога поради закана од ракетен напад, објавија на Телеграм воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.

Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија 17 од 22 нападни беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.