Украинците ја дочекаа Новата година во сенка на војна, експлозии во Киев

Сподели со своите пријатели

Жителите на Украина ја дочекаа Новата година во сенка на војната која се уште трае. Експлозии одекнаа во Киев и неговата околина веднаш по полноќ, а службите за итни случаи во Украина објавија дека сирените за воздушен напад се огласиле низ целата земја.

Loading...

Мал број граѓани на Киев без преголема прослава се собраа на киевскиот плоштад, пееја песни и шетаа, јавува Анадолија.

Присутните ја искористија можноста да се фотографираат покрај елката на плоштадот, каде граѓаните ги забавуваа група музичари.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека неговата единствена желба за Украинците во Новата година е да победат и да бидат решени да останат на тој пат, додека земјата се бори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Америка е директно вклучена во експлозиите на Северен тек

„На сите ни посакувам само едно – победа. Тоа е главната работа. Една желба за сите Украинци“, рече Зеленски за време на видео обраќањето неколку минути пред полноќ, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека ќе остане со народот додека армијата се бори за слобода по рускиот напад на 24 февруари минатата година.

„Ни рекоа да се предадеме. Избравме контранапад. Подготвени сме да се бориме за слобода. Затоа секој од нас е тука. Јас сум тука, ние сме тука, вие сте тука. Сите ние сме Украина“, нагласи Зеленски, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...