Украина: Русија гради одбранбен блок околу Мариупол

Сподели со своите пријатели

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, извести дека руските сили почнале да градат одбранбена линија околу тој град.

Loading...

„Во Мариупол беа изградени две мали фабрики за бетон и сега работат на снабдување на фронтот. Тие произведуваат бетонски противтенковски „пирамиди“, од кои некои се однесени во Запорожје и Херсон“, рече Андриушченко на Телеграм.

Андриушченко наведува дека Русите значително ги зајакнуваат своите позиции меѓу Мариупол и селото Стари Крим.

„Претходно се засилуваа за фронтот, а сега ја градат одбраната на Мариупол“

„Другите се поставени на патот што ги поврзува Мариупол и градот Николске. Руските сили, исто така, значително ги зајакнуваат своите позиции меѓу северниот дел на градот и селото Стари Крим“, додаде тој.

„Иако Русија тврдеше дека ќе остане тука засекогаш, нејзините сили се далеку помалку оптимисти од порано, заклучи тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.