Украина отвора засолништа со греење, струја и вода

Сподели со своите пријатели

Низ Украина ќе бидат отворени јавните засолништа, таканаречените центри на непобедливост, каде на најзагрозените граѓани ќе им биде обезбедена бесплатна струја, парно, вода, интернет, мобилна врска и лекови 24 часа на ден, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото синоќешно видео обраќање до нацијата.

Loading...

„Доколку се повторат масовни руски напади и стане јасно дека нема да има струја со часови, Центрите на непобедливост ќе ги отворат вратите за граѓаните“, рече Зеленски.

Вчера, украинската влада вети дека овие засолништа наскоро ќе бидат изградени, апелирајќи до граѓаните да заштедат струја во текот на претстојната зима, пренесува Ројтерс.

Руските напади подолго време го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на десет милиони потрошувачи, што украинскиот оператор на националната електрична мрежа го нарече „колосална штета“, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.