Украина објави колку руски напади имало во изминатиот ден

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа Русија извршила девет ракетни и 37 воздушни напади и вкупно повеќе од 100 напади од повеќецевни ракетни системи, соопшти Генералштабот на Украина.

Loading...

„Извршени се непријателски удари во областите на повеќе од 25 населени места во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Миколаев“, се наведува во утринскиот извештај на Генералштабот на Украина.

Се наведува дека ситуацијата во правците на Волин и Полисија не е значително променета, односно дека Белорусија продолжува да ја поддржува руската вооружена агресија против Украина, обезбедувајќи и на Русија инфраструктура, територија и воздушен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто НАТО не го брани небото над Украина како што го бранеше на Израел?

Тие додаваат и дека продолжува формирањето на руско-белоруска група војници на територијата на Белорусија.

Опасноста од воздушни напади со беспилотни летала од територијата на Белорусија останува на сила.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.