Украина: Најлошото е зад нас

Сподели со своите пријатели

„Најлошото сценарио во војната со Русија веќе помина“, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Loading...

„Ние сме во фаза на стабилизација на сите боишта и борбени линии со мало движење на единиците и таму направивме многу добри мерки за одвраќање“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.

Резников додаде дека верува оти Украина е на работ на нова фаза од војната и дека започнува контраофанзивна кампања „во друга насока“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен разговор на руски војник кој го пцуе Путин и неговите одлуки

На прашањето дали стравува дека меѓународната заедница ќе почне да се уморува од војната, Резников рече дека „синдромот на замор“ може да и наштети на борбата на Украина против Русија.

„Тоа го нарекувам синдром на замор и за мене тоа е една од главните закани“, рече тој.

„Мораме да работиме за да ја затвориме таа закана, мораме да комуницираме, не бидете уморни. Затоа што е многу, многу опасно за нас“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Калининград започна борбената обука на руските резервисти

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.