Украина: Ја започнавме долгоочекуваната контраофанзива

Сподели со своите пријатели

Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива на југот на земјата, соопшти нејзината воена команда, а пренесува „Гардијан“.

Loading...

Украинската јавна телевизија „Суспилне“ ја цитираше портпаролката на украинската армија Наталија Кумениук, која рече:

„Денес започнавме со офанзивни акции во различни правци, вклучително и во регионот Керсон“.

Хумениук одби да даде повеќе детали за новата офанзива, но рече дека неодамнешните напади на Украина на јужните руски логистички рути „несомнено го ослабнале непријателот“.

Таа додаде дека минатата недела биле погодени повеќе од 10 складишта за руска муниција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.