Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на фронтот

Сподели со своите пријатели

Украинските власти денеска ја обвинија Русија дека испраќа африкански затвореници во Русија на првите борбени линии во Украина.

Loading...

Ова беше наведено еден ден откако беше објавено дека студент од Замбија загинал во борба додека служел затворска казна во близина на Москва.

„Путин испраќа африкански граѓани затворени во Русија во војната во Украина“, напиша на Твитер портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.

Властите во Замбија во понеделникот објавија дека еден од нивните граѓани, Лемехани Натан Ниренда, починал на 22 септември во Украина, додека требало да биде во затвор во Русија.

Замбија побара објаснување од Русија „за околностите под кои замбиски државјанин, кој издржува затворска казна во Москва, може да биде регрутиран да се бори во Украина и да го загуби животот“.

Како одговор, руската дипломатија денеска објави дека ги истражува околностите за смртта на 23-годишниот студент од Замбија.

„Африканците не треба да гинат за нездравите империјални амбиции на Путин“, рече Николенко.

Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци регрутирани директно од Русите, со ветување дека ќе земаат високи плати и ќе бидат ослободени.

Loading...

Студент од Замбија беше прогласен за виновен за кршење на рускиот закон во април 2020 година, соопшти замбиската влада без да даде дополнителни детали.

Студент по нуклеарно инженерство е осуден на девет и пол години затвор. Казната ја отслужил во затвор во предградието на Москва.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.