УХМР со најава за засилен ветер и локална нестабилност

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре времето ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер (со брзина и над 70 км/час), што ќе продолжи и во следните денови.

Loading...

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени.

Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.

Во текот на денешниот ден ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

Никола Ивановски