УХМР предупредува на можни излевања од дождот најавен за утре

Сподели со своите пријатели

Утринските податоци од хидролошките станици на УХМР покажуваат водостои кои се под и околу просекот за овој дел од годината.

Loading...

Според најавата на синоптичарите за утре можеме да очекуваме појава на нови врнежи кои според синоптичарите на одредени места ќе бидат пообилни со над 30 l/m2, велат прогнозите.

Како што велат од Управата, доколку овие врнежи бидат со интензивен карактер, очекувана е појава на брзо истекување од горните кон долните сливни подрачја и локални плавења покрај помалите водотеци и суводолици.

Соодветно на прогнозата ќе посочиме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.  Доколку се јават интензивни врнежи, во градските населби каде не се одржува редовно атмосферската канализација и на места каде олуците од кровните површини директно се вклучени во феканлните канализации, поради малиот капацитет на канализационите цевки предвидени само за фекални води, можна е појава на зачепување на одредени шахти и појава на поплавување на незаштитените подрумски простории, особено во објектите кои се во пониските делови од населбите, предупредуваат од УХМР.

Кај подвозниците, каде нема соодветно одводнување или пак тоа не се одржува редовно, можна е појава на заезерување. Доколку нема редовно одржување и чистење на одводните улични шахти можна е појава на заезерување и на одредени улични правци.

Image by Ulrike Mai from Pixabay

Leave a Reply