Под влијание на влажен бран во текот на утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои на места се очекува да бидат и пообилни (над 40 mm), особено во крајните западни и источни делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Иако на високите планини врнежите ќе бидат во вид на снег, се очекува зголемување на водостојот на сите водотеци низ земјава.
Поизразено зголемување на водостојот се очекува во горниот дел од сливот на р.Брегалница, р.Струмица, р.Крива, р.Пчиња, р.Сатеска, р.Радика, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Црна, каде се можни и локални излевања на реките.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците на целата територија на земјата, а посебно покрај оние во крајните западни и источни делови, стои во соопштението на Управата за хидромеотеоролошки работи.
Никола Ивановски