Управата за хидрометеоролошки работи најавува пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме, а сето тоа ќе донесе и до пад на температурите.
Денес и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд иуслови за ретки грмежи.
Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m 2 ).
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.
Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
Никола Ивановски

