УХМР најавува нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Денес попладне и во деновите од викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално, особено утре ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

 

Викенд временска прогноза за Куманово

 

Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Никола Ивановски

Loading...