Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови и особено на северозапад ќе има појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за нестабилност проследена со дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен.

Loading...

 

 

Слично време ќе имаме и утре, кога повторно во попладневните часови се очекува нестабилност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

 

 

Loading...

Во недела следува разведрување, но и благ пад на температурите. Ќе биде претежно сончево со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 27 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

 

 

Од понеделник се очекува повторно благ пад на дневниот максумум, но ќе се задржи сончево и суво време.

Никола Ивановски