Убивал, го сменил полот и сега бара затворот да го третира како бебе: Ханибал Јуниор ја шокираше Британија!

Сподели со своите пријатели

Даниел Иствуд, тогаш 18-годишен, завршил во малолетнички затвор во раните 2000-ти поради опасно возење. Ништо претерано страшно. Имал и други прекршоци, но сите биле „ситни“.

Loading...

Добил некои затворски казни, а потоа, само од нему познати причини, го убил својот цимер еден месец пред да биде пуштен на слобода.

Го задушил со врвки од чевли, а сцените кои ги уловиле чуварите биле толку шокантни што брзо го добил прекарот „Hanibal Lecter Junior“, пишува Metro.

За ова убиство во 2004 година е осуден на доживотен затвор, со можност за помилување по 15 години, но сѐ уште е зад решетки. Всушност, таа е. Со благослов на државата во 2016 година решил да го промени полот.

 

 

„Откако разговарав со психијатри, сфатив дека не сум хомосексуалец, туку жена во машко тело“, изјави Даниел, кој сега се нарекува Софи.

Loading...

Тој го започнал лекувањето, или започнала, како сакате, таму во 2016 година.

Пие апчиња кои ги блокираат машките хормони, а во 2018 година дури му било одобрено да биде префрлен во женски затвор.

Ова, очекувано, налути дел од јавноста која смета дека на затворениците не треба да им се исполнуваат такви желби.

Софи тогаш предизвика реакција само кај дел од јавноста, но поради нејзината последна желба Британците беа шокирани и бесни.

– Таа бара затворот да се однесува со неа како мало дете, т.е. бебе.

 

 

Loading...

Таа бара пелена, бара чуварите да ја водат за рака кога треба да оди некаде. Јаде само каша… – изјавил извор од затворот за британските медиуми.

И зачудувачки, нејзината желба можела да се исполни.

– Таа доби кукла и затворот моментално размислува што понатаму. Поради факторите на човековите права, затворската управа мора сериозно да го разгледа ова барање. Софи е исклучително сложена личност, дури и интелигентна, но не знам дали тоа го прави за да го привлече вниманието кон себе или навистина верува дека е бебе – вели изворот.

Софи (36) била бесна на системот во последниве години. Таа тврди дека била дискриминирана и дека доколку останела машко, ќе била ослободена по отслужување на 15 години од казната.

Таа во се гледа голема завера и смета дека и е направена огромна неправда.

Од затворот накратко велат дека оваа затвореничка постојано прави проблеми и не покажува знаци на напредок и дека треба да остане „под клуч“.

 

Loading...