Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 деца и двајца возрасни се убиени во пукање во основно училиште во Тексас.

Loading...

Пукањето се случило во 11:17 часот по Тексас (19:18 часот по локално време) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

На профилот на Инстаграм на осомничениот напаѓач од Увалде е објавена фотографија од две пушки АР15 само три дена пред масакрот во основно училиште во Тексас.

Оваа фотографија е објавена на приказната на корисникот „salv8dor_“.

Бројни соученици од училиштето потврдиле дека профилот му припаѓа на осомничениот напаѓач Салвадор Рамос, кој беше убиен од полицијата за време на нападот, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

 

Снимен моментот кога напаѓачот од Тексас влегува во училиштето (ВИДЕО)

 

Профилот на Рамос на ТикТок има само една објава, а тоа е видео од мобилна игра.

Во описот на профилот под фотографијата на профилот пишува: „Децата се плашат во реалниот живот“.

 

Бајден по масакрот во Тексас: Кога ќе го запреме лобито за оружје?