Снимен моментот кога напаѓачот од Тексас влегува во училиштето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку дена пред нападот на Инстаграм профилот поврзан со Рамос се појавиле фотографии од оружје и муниција.

Loading...

Рамос бил малтретиран на училиште поради облеката што ја носел и финансиската состојба во семејството.

18-годишниот Салвадор Рамос во вторникот уби најмалку 19 ученици и двајца возрасни во основното училиште Увалде во Тексас. Напаѓачот бил убиен од полицијата, а властите веруваат дека дејствувал сам.

 

 

„Се верува дека го напуштил своето возило и со пиштол влегол во основното училиште Роб, а можеби имал и пушка, но тоа сè уште не е потврдено според мојот последен извештај“, рече тој.

Тој бил добро опремен и носел панцир.

Loading...

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа моментот кога напаѓачот влегол во основното училиште.

Неколку дена пред нападот на Инстаграм профилот поврзан со Рамос се појавиле фотографии од оружје и муниција. Рамос бил малтретиран на училиште поради облеката што ја носел и финансиската состојба во семејството, открил поручникот Крис Оливарез.

 

 

Слични престрелки во САД не се невообичаени, напротив, вооружените напади се во пораст во големите градови како Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско.

Во средината на мај, Америка беше потресена од расистички вооружен напад во кој загинаа 10 црнци во продавница во Бафало, Њујорк.

 

Loading...

Напаѓачот од Тексас ја застрелал својата баба пред масакрот во училиштето