Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека присилната капитулација на Украина ќе значи капитулација на целиот Запад.
„Принудената капитулација на Украина би значела капитулација на целата западна заедница. Со сите последици од овој факт. И никој да не се преправа дека не го гледа ова“, изјави Туск на платформата Х.
Туск претходно изјави дека на самитот на европските лидери во Париз за војната во Украина, што се одржа во понеделник, ќе побара од лидерите да се изјаснат дали се подготвени да донесат „сериозни одлуки за одбраната“ и оцени дека не треба да се размислува за воспоставување алтернатива на НАТО.
„Треба да се донесат големи одлуки за европската безбедност. Не можеме ефективно да и помогнеме на Украина ако сега не се погрижиме да се браниме“, рече Туск, велејќи дека во интерес на САД и Европа е тесно да соработуваат, пренесе Ројтерс.
Туск рече дека Полска останува посветена на поддршката на Украина во војната со Русија, но нема да испраќа свои војници во Украина.