Турската армија уништи 17 цели на Курдистанската работничка партија

Сподели со своите пријатели

Турските воздухопловни сили извршија воздушни напади во северен Ирак и уништија 17 цели на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), соопшти турското Министерство за одбрана.

Loading...

Операциите беа спроведени во регионите Гара, Метина, Хакурк и Кандил во северен Ирак, пренесува Ројтерс.

Според соопштението, многу милитанти на ПКК се „неутрализирани“, што е термин што генерално се користи кога милитантите се убиваат, додаде Ројтерс.