Турција планира акција против курдската милиција во Сирија

Сподели со своите пријатели

Турција планира акција против цели во северна Сирија по завршувањето на прекуграничната операција против екстремистите од Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак, изјави денеска висок турски функционер, по бомбашкиот напад во Истанбул за кој Анкара ги обвини курдските милитанти.

Loading...

Турција ги обвини курдските терористи за експлозијата на улицата Истиклал во Истанбул, во која во неделата загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени.

Заканите од курдските милитанти и Исламската држава кон Турција се неприфатливи, рече турскиот претставник, додавајќи дека Анкара „на овој или оној начин“ ќе ги елиминира заканите долж нејзината јужна граница, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила!

Турција изврши три упади во северна Сирија против сириската курдска милиција, за која тврди дека е крило на ПКК, која Анкара, Вашингтон и Европската унија ја сметаат за терористичка организација.