Турција го извести НАТО дека ќе каже „не“ за членството на Шведска и Финска

Сподели со своите пријатели

Турција ги информираше членките на НАТО дека ќе каже „не“ за членството на Шведска и Финска, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

Турција планира да ја блокира апликацијата на Шведска и Финска за влез во НАТО доколку не се решат безбедносните проблеми на земјата, додаде Ердоган.

 

Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

 

– Не сакаме двапати да ја правиме истата грешка. Затоа, решително ќе ја продолжиме нашата политика во овој поглед. Им кажавме на нашите партнери дека ќе кажеме не за членството на Шведска и Финска во НАТО. Ќе го продолжиме нашето патување во истиот правец – рече Ердоган, а зборовите од неговиот говор беа објавени на неговата страница на Твитер.

Да потсетиме, турскиот претседател оцени дека НАТО ќе стане „место на концентрација на претставници на терористички организации“, доколку Финска и Шведска станат членки на таа алијанса.

 

Loading...

Марин: Финска не сака нуклеарно оружје или бази на НАТО

 

Анкара тврди дека Шведска и Финска обезбедуваат засолниште за луѓето поврзани со групите што ги смета за терористички, имено Курдистанската работничка партија и поддржувачите на проповедникот Фетула Ѓулен, кого го обвинува дека стои зад обидот за пуч во 2016 година.

Финска и Шведска во средата поднесоа барања за пристапување во алијансата до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.