Марин: Финска не сака нуклеарно оружје или бази на НАТО

Сподели со своите пријатели

Доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распоредува нуклеарно оружје или да поставува воени бази на своја територија, изјави премиерката на Финска, Сана Марин за денешното издание на „Кориере дела сера“.

Loading...

Финска и Шведска вчера официјално поднесоа барање за членство во НАТО, објаснувајќи ја таа одлука со рускиот напад врз Украина, но тие се соочуваат со потенцијално вето на Турција за време на пристапувањето, за кое се веруваше дека ќе биде релативно брзо, објави Ројтерс.

 

Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

 

Марин при посетата на Рим рече дека верува оти проблемот може да се реши со дијалог.

„Мислам дека е важно да останеме смирени во овој момент. Важно е да имаме разговори со Турција и со другите членки, да одговориме на прашањата што може да се појават и да го исправиме секое несогласување“, додаде таа.

Таа изјави дека распоредувањето на нуклеарното оружје на НАТО и отворањето бази во Финска нема да бидат дел од пристапните преговори на Хелсинки со Алијансата.

Loading...

 

Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

 

Мислам дека немаме интерес да поставиме нуклеарно оружје или да отвориме бази на НАТО во Финска, изјави Сана Марин, пренесува Танјуг.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон исто така рече дека нејзината земја не сака постојани бази на НАТО или нуклеарно оружје на нејзина територија.