Тројца Палестинци убиени, најмалку 29 ранети во израелска акција

Сподели со своите пријатели

Израелски војници убиле тројца Палестинци, меѓу кои и малолетник, а раниле најмалку 29 во голем вооружен конфликт со екстремисти на улиците на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Израелската армија соопшти дека војниците биле под оган за време на апсењето и возвратиле.

Како што е наведено, кога безбедносните сили го напуштале градот, воено возило било погодено од експлозивна направа и било оштетено, наведуваат од армијата, додавајќи дека хеликоптер отворил оган врз вооружените лица за да им помогне на војниците да излезат.

Палестинското Министерство ги идентификуваше убиените, меѓу кои и петнаесетгодишно момче, и соопшти дека најмалку шестмина се ранети во тешка состојба.

Аматерска снимка, чија автентичност не е потврдена, покажува како ракети се истрелуваат од израелски хеликоптер за време на воена операција.

Израелските медиуми јавија дека во конфликтот се ранети неколку израелски војници.

Насилството трае повеќе од една година, главно на Западниот Брег, каде од почетокот на 2023 година се убиени околу 120 Палестинци.

Градот Џенин е упориште на палестинските екстремисти.

Loading...

Израелската војска речиси секоја ноќ влегува на Западниот Брег за да апси осомничени екстремисти како одговор на бранот насилство на почетокот на минатата година.

Во исто време, се интензивираа палестинските напади врз Израелците.

Израел тврди дека повеќето од убиените биле екстремисти, но млади мажи кои протестирале против рациите и други кои не биле вклучени во насилството исто така загинале.

Најмалку 20 луѓе се убиени во палестинските напади врз Израелците оваа година.