Трикови со кои батеријата на телефонот ќе ви биде полна за само 20 минути

Сподели со своите пријатели

Заминувате од дома или работа за 20 минути и батеријата на вашиот телефон е при крај?

Loading...

Идејата за полнење на телефонот што е можно повеќе во тие 20 минути ви поминува низ главата, но како?

Начинот на кој го користите мобилниот телефон открива многу за вас

Еве неколку брзи и лесни совети кои можат да ви помогнат да ја реализирате таа идеја.

Овие совети можат успешно да се применат на Android, Windows Phone, iOS и други уреди.

Користете добар и силен полнач

Еден од побрзите полначи е токму оној од iPad. Зошто да не го користите за вашиот iPhone? На пример, ако користите класичен полнач, за полнење на моделот iPhone 6 потребни се околу 3 часа. Меѓутоа, ако користите полнач за iPad, iPhone 6 ќе биде полн за 2 часа.

Топ 5 заблуди за полнењето и батеријата на мобилниот телефон

Loading...

Истиот случај е со уредите со Android. Ако користите посилни полначи, оние од таблети чии батерии имаат поголем капацитет, како и оние со поголем напон, вашиот Android телефон дефинитивно ќе се полни побрзо.

Ако сте загрижени дали посилните полначи ќе ја оштетат вашата батерија, тоа едноставно не е случајот.

 

 

Што ќе се случи ако во авионот го оставите вклучен мобилниот телефон?

Поставете го телефонот во Airplane mode

Со поставување на телефонот во Airplane mode за време на полнењето, тој се полни побрзо затоа што не ја троши својата енергија на WiFi, 4G, Bluetooth и слично.

Loading...

Фактот дека е потребно скоро двојно помалку време за да се достигнат 100% покажува колку е ефикасно полнењето на телефонот додека е во овој режим.

Извадете го телефонот од футролата

Гумени кутии или ткаени едноставно го загреваат телефонот. И кога телефонот ќе се загрее, тој веќе не функционира нормално. Значи, „раскомотете“ го телефонот, ставете го таму каде што не е премногу топло, односно не под перницата и поврзете го со полначот.

Места на кои никако не смеете да го држите мобилниот телефон

Не користете го телефонот додека се полни

Секако, ќе го наполните телефонот побрзо ако не го користите. Знаеме, не е лесно да се одделите од телефонот кога ви треба, а баш тогаш му „излегува душата“.

Меѓутоа, ако сакате да користите што е можно помалку време за полнење на вашиот телефон што е можно побрзо, нашиот совет е да го оставите на полначот за да си го направи своето.

Leave a Reply