Три жртви во породилиштето во Мариупол, меѓу кои и едно дете

Сподели со своите пријатели

Заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-Би-Си изјави дека три лица, од кои едно дете, загинале при бомбардирањето на породилиштето и детската болница во средата.

Loading...

Повредени се најмалку 17 лица, меѓу кои има и трудници, пишува Би-Би-Си.

 

Руската армија досега уништила повеќе од 2.900 украински воени објекти во Украина

 

„Сигурен сум дека знаат за оваа институција и ова е трета болница што ја уништуваат во овој град“, изјави Сергеј Орлов за Би-Би-Си.

Тој рече дека со артилериско гранатирање претходниот ден била уништена болницата со 300 кревети во која се лекувале пациенти со Ковид.

„Сигурен сум дека тоа се нивни мети“, рече Орлов.

Loading...

 

Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се две сценарија. И двете се опасни!

 

СЗО соопшти дека од почетокот на инвазијата се потврдени најмалку 18 различни напади врз здравствени установи во Украина.

Русија инсистира украинските борци го раселиле персоналот и пациентите од болниците и се поставиле на позиции таму.