Три века и две светски војни: Вака се прославува 134. роденден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една жена од Ујгур, која наводно е родена во 1886 година, го прослави својот 134-ти роденден.

Loading...

Според кинеските медиуми, Алмијан Сеити е најстариот граѓанин во таа земја, иако автентичноста на нејзините матични книги во регистарот мора да биде потврдена.

Земја во која живеат над 10.000 стогодишници

Ако тврдењата ги потврдат и официјалните лица како вистинити, г-ѓа Сеити би можела да биде најстарата личност во историјата на светот.

Снимките објавени од локалните медиуми покажуваат една постара дама опкружена со семејство и пријатели на голема роденденска забава, во регионот Ксинџијанг Ујгур, во северозападна Кина.

Во 1903 година, г-ѓа Сеити се омажила на 17-годишна возраст, и се вели дека таа посвоила момче и девојче со својот сопруг, јавува China News.

Зошто некои држави имаат многу стогодишници? (ВИДЕО)

Живее со својата ќерка откако нејзиниот сопруг починал во 1976 година, а нејзиниот син починал на 36-годишна возраст, пренесува „Дејли меил“.

Loading...

Сликите објавени од локалните власти на профилите на социјалните мрежи покажуваат дека роденденската ѕвезда носи хартиена тиара на нејзината голема забава.

Исто така се гледа како ужива во музиката изведена на традиционален ујгурски инструмент и разговар со официјални лица во нејзиното родно село во близина на градот Кашгар.

Грчки остров на кој живеат најдолговечни луѓе, а ова е нивната тајна (ФОТО+ВИДЕО)

 

Leave a Reply