Три „маани“ кај мажите што жените ги обожаваат, а тие всушност се срамат од нив

Сподели со своите пријатели

Машкиот шарм е нешто што е многу тешко да се опише со зборови, но честопати малите нешта што го прават човекот посебен и едноставно неодолив придонесуваат за овој скриен сексапил.

Loading...
  1. Има мало стомаче

Дури две третини од испитаните жени во една анкета потврдија дека популарната „желка“ на стомакот не е толку секси, како што се зборува.

Имено, жените изјавија дека претпочитаат да видат природен стомак кој опишува „нормално“ момче кое не е опседнато со огледалото, кревајќи тегови и протеини. Умереноста секогаш функционира.

 

 

  1. Доцнат со бричење

Млада брада стара само еден ден е вистинска мамка за припадничките на понежниот пол. Не станува збор за брадата како таква, туку во малку бунтовниот и многу лежерен изглед на човек кој со соодветна облека и малку „фраерски“ став, едноставно вреска со сексапил.

 

Loading...

 

  1. Знаци на стареење

Анкетата исто така потврди дека жените ја сметаат седата коса како многу секси. Иако денес се повеќе и повеќе мажи посегнуваат по фарба за коса за да ги маскираат првите знаци на стареење, жените ќе претпочитаат сед човек отколку вештачки изглед кој не може да остане незабележан.

Истото важи и за секси ќелавите мажи кои можат да изгледаат неодоливо со стрижење на нула.