Три лица загинаа во престрелка во американската држава Мериленд

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а напаѓачот е ранет во вооружен напад на една фирма во градот Смитсбург во американската сојузна држава Мериленд.

Loading...

Канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон соопшти дека напаѓачот влегол во фабриката за производство на Columbia Machine, Inc. и убил повеќе од едно лице.

Гувернерот Лери Хоган подоцна изјави дека три лица биле убиени во нападот.

Соопштено е дека напаѓачот е ранет, а повреден е еден полицаец, јавува Anadolu Agency (AA).

Престрелката дојде по серијата масовни престрелки што ги шокираа и предизвикаа гнев кај Американците и државното раководство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден: Федералната влада ќе го обнови мостот во Балтимор