Трас: Британија никогаш нема да прифати руска анексија на украинските региони

Сподели со своите пријатели

Велика Британија „никогаш нема да прифати“ руска анексија на четирите украински региони, изјави денеска британската премиерка Лиз Трас, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека сака насилно да ги промени меѓународните граници.

Loading...

„Велика Британија никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие народи и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго освен украинска територија“, рече Трус.

Таа додаде дека на Путин не може „да му се дозволи насилно да ги промени меѓународните граници“.

„Ќе се погрижиме тој да ја загуби оваа незаконска војна“, изјави премиерот на Велика Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: На Зеленски не се потребни граѓаните на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.