Трагедија во САД: Во судир на училишен автобус и камион загинаа пет лица

Сподели со своите пријатели

Пет лица, меѓу кои три мали деца, загинаа кога училишен автобус се судри со камион во Рашвил, Илиноис, соопштија властите.

Loading...

Загинаа возачите на камионот и автобусот, како и сите три деца во автобусот, од кои едното имаше пет години, а две три години.

Несреќата се случила на околу 370 километри југозападно од Чикаго, пренесува CBS News.

Откако автобусот удрил во камионот, двете возила се запалиле, соопшти полицијата.