Топлотните бранови во иднина ќе бидат почести и попогубни

Сподели со своите пријатели

Од долината на смртта до Блискиот исток, од индискиот потконтинент до субсахарска Африка, глобалното затоплување веќе ги направи животите на милиони луѓе неподносливи.

Loading...

Ако ништо не се преземе за да се успорат климатските промени, рекордните температури и смртоносните топлотни бранови само ќе се влошат, предупредуваат експертите.

Најжешкото место на светот е официјално долината на смртта во Калифорнија. Но и таму температурите растат.

„Просечните температури во летните месеци се повисоки од пред дваесет години“, вели Аби Винс, портпаролка на националниот парк Долината на смртта.

 

 

Најтоплиот месец

Loading...

Таму втора година летово се измерени дури 54,4 степени целзиусови. Доколку податоците бидат потврдени од Светската метеоролошка организација, тоа ќе биде највисоката забележана температура од извршените мерења.

Според американската климатска агенција NOAA, јули 2021 година бил најтоплиот месец забележан на Земјата.

„Многумина се погодени од оваа неподнослива топлина, а ние сиромашните сме најпогодени“, изјави за АФП Кулдип Каур, жител на Шри Ганганагара на индиско-пакистанската граница.

Половина свет подалеку, во западна Канада, летово температурите надминаа четириесет.

„Неподносливо. Невозможно е да се остане надвор“, рече Роза од Ванкувер.

 

 

Loading...

Остануваат само два степени

Повисоките температури се движечка сила зад почестите и интензивни суши, шумски пожари, бури, па дури и поплави, а сè почестите топлотни бранови се штетни за земјоделството. И потенцијално фатални за луѓето.

„Поплавата носи неколку жртви, можеби и неколку десетици. И во секој поекстремен топлотен бран има илјадници мртви. И знаеме дека топлотниот удар се множи“, рече климатологот Роберт Вотард, директор на Институтот Пјер-Симон Лаплас во Франција.

Ако светот се загрее за само два степени, четвртина од светското население ќе се соочи со катастрофални топлотни бранови барем еднаш на секои пет години, се наведува во извештајот на ОН до кој АФП дојде пред самитот за климата што започнува на 31 октомври во Глазгов.

За бедуините во Саудиска Арабија, топлината е позната работа.

„Мислам дека сега е најмалку 43 степени, а е само девет наутро“, вели Наџеф ал Шамари, додавајќи дека температурата во текот на денот ќе достигне 50 степени.

„Но, тоа е нормално за нас, навикнати сме на тоа. Не сме загрижени “, додава бедуинот, чие семејство одгледува камили со генерации. Тие не знаат дека зголемувањето на температурите може да ги загрози нивните средства за приходи.

 

Loading...

 

COP26 мора да биде пресвртница

„Таквите температури би можеле да влијаат дури и на животни толерантни на топлина, како што се камилите или козите, а земјоделството е загрозено, така што екстремно високите температури ќе го загрозат и производството на храна“, објасни Џорџ Зитис од Кипарскиот институт во Никозија.

Легендата вели дека мочуриштата во појасот помеѓу познатите реки Еуфрат и Тигар биле дом на библиската рајска градина. Но, жештините им се закануваат и на тие области.

„Температурите над 50 степени им пречат на рибите, животните, луѓето и туризмот“, вели локалниот сопственик на бродови Разак Џабар, кој размислува да ги напушти мочуриштата каде што пораснал.

Loading...

„Климатскиот состанок на самитот COP26 мора да биде пресвртница. Сите земји мора да се посветат на нулта емисии до средината на векот и да презентираат јасен, веродостоен и долгорочен план како да се постигне тоа“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.