Точно една година од првиот случај на коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

На денешен ден минатата година беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирус во Македонија.

Loading...

Стануваше збор за педесетгодишна патничка од Скопје која преку граничниот премин Табановце се врати во Македонија од Италија.

Таа во земјава тогаш пристигна со комбе со 10 до 12 други лица, соопштија тогаш надлежните на вонредната прес конференција.

Иако истата немаше потешка клиничка слика и беше во добра состојба, веднаш беше сместена на Инфективната клиника, а се трагаше по нејзините контакти од кои очигледно немаше новозаразени.

Денеска, една година од првиот случај, Македонија има поразителни бројки. Заклучно вчерашниот ден регистрирани се вкупно 101.214 заболени, а како последица на вирусот починале 3.111 лица.

Досега излекувани се 90.685 пациенти, а во моментов аквитни се 7.418 случаи.

Никола Ивановски

 

Loading...

Leave a Reply