Тиктокерки сакале да снимат видео, па предизвикале голем пожар

Сподели со своите пријатели

Две девојки од Русија предизвикале огромен пожар кога запалиле скоро 200 тони сено, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале да снимат видео запис за социјалната мрежа ТикТок.

Loading...

Полицијата изјавила дека огнената стихија излегла од контрола откако биле запалени делови од сламата, пренесуваат светските медиуми.

Изгореле околу 195 тони слама во руралниот дел на градот Перм, на околу 1.200 километри источно од Москва.

 

 

Двете девојчиња на училишна возраст побегнале од местото на настанот по нивните неуспешни обиди да го изгаснат пожарот.

Тие наскоро ѝ потврдиле на полицијата дека снимале видео за ТикТок кога се случил инцидентот.

Loading...

Властите соопштија дека девојчињата направиле голема штета, но и дека ги ризикувале своите животи во обид да го снимат видеото.

Leave a Reply