ТикТок забранет во САД, но не за сите

Сподели со своите пријатели

Американскиот Сенат донесе закон со кој им забранува на вработените во федералните институции да ја користат апликацијата Тик-Ток на службените телефони.

Loading...

ТикТок беше забранет на официјалните телефони претходно оваа недела во државите Северна Дакота и Ајова, Алабама и Јута, а забраната ја најавуваат Тексас, Мериленд и Јужна Дакота, пренесува Ројтерс.

Во август 2020 година, Сенатот одобри нацрт-закон со кој се забранува употребата на тие апликации на телефони во државна сопственост.

Прес-службата на компанијата Bytedance, која е сопственик на ТикТок, изрази загриженост за новите регулативи на американската администрација, за кои тврдат дека се засновани на дезинформации и дека се подготвени да се сретнат со американските пратеници за отворено да разговараат за бизнисот на компанијата.

„Разочарани сме што толку многу земји се приклучија во одобрувањето закони врз основа на неосновани гласини за Тик-Ток кои нема да ја унапредат националната безбедност на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.

Новиот закон е последниот потег на американските претставници во справувањето со кинеските компании и поради стравувањата дека Пекинг би можел да ги користи нивните апликации за да ги шпионира американските граѓани, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.