Сите тестови направени во државни или приватни клиники, а кои произлегуваат според алгоритамот за заболени од Ковид-19, да бидат на товарот на Фондот за здравствено осигурување, е предлог заклучокот на Советот на Општина Куманово кој по денешната расправа на седницата, ќе биде доставен до органите на централно ниво.
– Советот донесе заклучок да предложите сите тестови поврзани со индикации според протоколот или алгоритамот за заболени од Ковид19 без оглед дали се обавуваат во државни или приватни лаборатории да бидат на сметка на Фондот за здравствено осигирување, стои во заклучокот.
Поврзано:
- За тестирање кумановци чекаат четири до пет дена, дневно до 25 тестови во ЦЈЗ
- Позитивните ги кријат своите контакти, вели др. Стаменковска од ЦЈЗ Куманово
- Димитриевски: Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи
Инаку, на дневен ред денеска пред советниците беше разгледана моменталната сосотјба со ковид-19 во градот, а по неколкучасовна дебата беше донесен предлог заклучокот, со цел како што велат граѓаните да не плаќаат тестирања по приватни клиники, со оглед дека тие се прескапи.
Никола Ивановски