Тешка сообраќајка во Словачка: Автобус полн со патници излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 лица се тешко повредени, а вкупно 28 лица се хоспитализирани кога автобус со 54 патници се превртел во околината на словачкиот град Кошице.

Loading...

Портпаролката на службата за итни случаи во Кошице, Петра Климесова, истакна дека во моментов нема извештаи за загинати, пренесува локалната агенција.

„Во автобусот имало 54 патници. На десет пациенти им била укажана прва помош и итно биле пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од една до 15 години“, рече Климесова.

Таа истакна дека медицинските работници најмногу ги загрижувале лицата со повреди на главата, стомакот и екстремитетите.